Студениот фронт веќе го зафати поголемиот дел од Словенија, а со себе носи силен ветер, невреме и снег.

Температурите нагло паднаа, на места забележан е мал град и лапавица – снежните врнежи зафатија и некои низински области на северот на Словенија.

Снегот побеле на некои места во Горењска ,Корушка и Штаерска, временскиот фронт сега се движи кон Приморска. АРСО најпрво издаде жолто метео предупредување, но денеска издаде портокалово предупредување за голем дел од земјата поради силните ветрови и снежните врнежи.