Обилните врнежи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во вторникот ги поплавија улиците на Дубаи, а некои летови беа откажани поради неповолните временски услови.

Според новинската агенција ВАМ од ОАЕ, обилните врнежи влијаеле на животот на луѓето во различни региони, вклучувајќи го главниот град Абу Даби и градот Дубаи.

Флај Дубаи откажа некои летови поради неповолни временски услови, додека многу од нив беа одложени.

Покрај тоа, Фудбалскиот сојуз на ОАЕ најави одложување на сите локални фудбалски натпревари закажани за денеска, а новите датуми ќе бидат објавени подоцна.

Надлежните ден претходно ја предупредија јавноста за претстојното невреме, а граѓаните беа замолени да не излегуваат од своите домови.

(Vijesti.ba)