Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на иранскиот напад врз Израел и ја искористи можноста да ги критикува западните земји.
Во изјавата на портпаролката на министерството, Марија Захарова, се наведува дека Иран нападот го извршил во рамките на правото на самоодбрана согласно член 51 од Повелбата на ОН како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.
„За жал, поради односот на западните членки, Советот за безбедност на ОН не можеше соодветно да одговори на нападот врз иранското конзуларно претставништво“, се вели во соопштението.
Беше појаснето дека Русија изразува најголема загриженост за уште една опасна ескалација во регионот.
„Постојано предупредувавме дека нерешавањето на бројните кризи на Блискиот Исток, пред сè во областа на палестинско-израелскиот конфликт, кои често се поттикнати од неодговорни провокативни акции, ќе доведе до зголемување на тензијата. Сите инволвирани страни да покажат воздржаност Се надеваме дека регионалните држави ќе ги решат постоечките проблеми преку политички и дипломатски средства“, беше појаснето.
(Vijesti.ba)









