Претседателот Џо Бајден на новинарите во Белата куќа им изјави дека очекува Иран да го нападне Израел „порано отколку подоцна“.
„Не сакам да навлегувам во безбедносните информации, но очекувам дека тоа ќе биде порано отколку подоцна“, им рече Бајден на новинарите на прашањето колку ќе биде неизбежен ирански напад врз Израел.

Запрашан каква е неговата порака до Иран во моментов, претседателот рече: „Немој“.

Како одговор на повеќе прашања од новинарите во просторијата, вклучително и Еј-Џеј Ли на Си-Ен-Ен, кој праша дали американските трупи се во опасност – Бајден се врати на говорницата и рекол дека САД се „посветени“ на одбраната на Израел.

„Ние сме посветени на одбраната на Израел. Ќе го поддржиме Израел, ќе помогнеме да се одбрани Израел и Иран нема да успее“, рече Бајден.

САД се во состојба на висока готовност за значителен ирански одмазднички напад врз Израел во последниве денови, бидејќи се зголемуваат стравувањата од поширока регионална војна.

(Vijesti.ba)