Кога Полска неодамна беше домаќин на воените вежби на НАТО, оперативците за дезинформации почнаа да дејствуваат во Бугарија, земјата која претставува особено плодна почва за пријателски настроени наративи кон Кремљ.
Вежбите кои се одржаа од 4 до 5 март, како дел од програмата на НАТО „Steadfast Defender 24“, беа брзо и злобно пренесени како увертира за „инвазијата на НАТО на Русија“.
Еден наслов лажно предупредуваше: „Змеј 24: НАТО се подготвува за војна со Русија, војниците ја преминуваат полската река Висла…“, како очигледна мамка за кликнување и привлекување на повеќе читатели.
Веб-страницата не беше сама, туку дел од кластерот на таканаречените „печурки веб-страници “, кои чинат евтино и честопати никнуваат кога има некои големи настани – со цел да се „засадат“ дезинформации и лажни вести.
Најмалку 25 бугарски веб-страници, многу од нив се појавуваат како легитимни веб-страници за вести, објавија лажни вести за вежбите на НАТО, според неодамнешниот извештај на Дигиталната форензичка истражувачка лабораторија (DFRLab), аналитичка единица за дезинформации на Атлантскиот совет, тинк-тенк со седиште во Вашингтон. Една локална невладина организација неодамна објави дека бројот на такви веб-страници во Бугарија е 400.
Извештајот на DFRLab ги покажа видовите на веб-страници што се користат. Повеќето не беа примарно фокусирани на „сериозните“ вести, туку на теми за спорт, забава и меѓудругото начин на живот. Откако ќе се појават веб-страниците, содржината се шири низ социјалните медиуми, при што DFRLab забележува употреба на „кластер вести на Фејсбук“.
Тактиката на сајтови кои се множат како печурки за да шират дезинформации била користена и претходно.
Повеќе на РСЕ









