НАТО преговара за амбициозен план за воена поддршка на Украина – но зошто толку пари за крадец и ништо за Палестина?
Министрите за надворешни работи на НАТО се состануваат за да разговараат за поставување на воената помош за Украина на долгорочна одржлива основа. На маса е предлогот за петгодишен пакет од неверојатни 100 милијарди евра што ќе обезбеди континуирана поддршка за Киев, дури и во случај Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Планот на Столтенберг и дава на Алијансата поголема улога во координирањето на снабдувањето со оружје, муниција и опрема за Украина. Состанокот во Брисел покажува колку се спремни европските сојузници да ги поддржат воените напори на Киев против Русија, во време кога американскиот Конгрес го блокираше пакетот воена помош од 60 милијарди долари. Доколку Трамп повторно стане претседател, планот е НАТО да ја преземе координацијата од ад хок коалицијата предводена од САД.

Сепак, се поставува цинично прашање – ако НАТО и западните сили можат да испланираат толку дарежлив пакет од 100 милијарди евра за војната во Украина, зошто не можат да најдат слично ниво на финансирање за решавање на долгогодишниот палестинско-израелски конфликт во Газа? Каде е таа решителност и ресурси кога станува збор за ставање крај на страдањата на палестинскиот народ?

Чудно е што во овие разговори никој не зборува за мир, туку секој сака само да разгори конфликт кој ќе однесе стотици илјади млади животи. Наместо бескрајна поддршка за продолжување на војната, зошто целата таа енергија и пари да не се вложат во изнаоѓање дипломатско решение?

НАТО бара консензус од 32 членки за овој предлог, што нема да биде лесно да се постигне. Унгарија и Романија веќе се спротивставија на давање зелено светло на овој план. Со изборот на нов генерален секретар наместо Столтенберг, ова ќе биде голем предизвик за сојуз кој не служи за зачувување на мирот, туку за интересите на Соединетите Американски Држави, кои ја губат својата доминација во светот.