Индонезискиот парламент денеска одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.
Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта, чија надморска височина се намалува, во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.
Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.
Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.
Министерот за внатрешни работи, Тито Карнавиан, по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сепак треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.
– Откако веќе не е главен град, Џакарта мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата – рече тој.
Џакарта останува главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за именување на Нусантара за нова метропола, што е планирано за оваа година.
Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.










