Шокантни фотографии и видеа доаѓаат со месеци од Појасот Газа, кој е под израелски напади.
Десетици тела чекаат да бидат погребани во дворот на болницата Акса во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа.
Семејствата се збогуваат со убиените членови на семејството. Меѓу нив е и 11-годишното девојче Лејан, кое се збогува со својата сестра Сека, која беше убиена во еден од израелските напади.
Дворот на болницата претставува болна слика на Палестинци кои се збогуваат со своите најблиски. Лејан отиде до телото на нејзината сестра за да ја види последен пат. Таму бил и нејзиниот татко. Таа ја бакна главата на својата сестра со која играше и која до неодамна беше со неа.
Илјадници деца се убиени во израелските напади врз Појасот Газа, кои траат речиси шест месеци.
– Драга моја сестро, Господ да те помилува – рече Лејан кога се збогуваше со нејзината сестра.
Филип Лазарини, генерален комесар на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), на 13 март објави дека бројот на убиени деца во Газа е поголем од вкупниот број на деца убиени во војните ширум светот во последните четири години.
– Ова е војна што се води против децата. Се води војна против иднината на децата – рече Лазарини.
Во последните четири години во светот биле убиени 12.193 деца.
Сепак, околу 14.300 деца се убиени во Појасот Газа од октомври минатата година.









