Со месеци од Појасот Газа излегуваат вознемирувачки сцени. На фотографиите и видеата можеме да видиме убиства на цивили, претежно жени и деца, но и борба за живот поради немање основни потреби.

Хуманитарната помош што влегува во Газа е строго ограничена поради израелската блокада и окупација. Луѓето гладуваат, а вода за пиење нема.
Видеото како момче влече вреќа брашно што го доби од хуманитарни организации никого нема да остави рамнодушен.

Откако со семејството мораше да го напушти својот дом во Муграка, момчето најде засолниште во Вада Газа, која се наоѓа на преминот од север кон југ на Појасот Газа.