Боливиската полиција запленила повеќе од 7,2 тони кокаин наменет за Белгија, чија улична вредност е близу половина милијарда долари, соопшти министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо.
Ова е втора најголема заплена на кокаин во оваа земја во историјата, пренесува РТРС.

Операцијата беше спроведена во боливискиот планински регион Писига, на границата со Чиле. Дрогата била скриена во два камиони кои превезувале старо железо за извоз во Европа преку чилеанските пристаништа на брегот на Пацификот.

– Ако се земе предвид цената на овие контролирани супстанции во земјата на дестинација, станува збор за влијание врз трговијата со дрога од над 451 милион долари – рече Дел Кастиљо на прес-конференција.

Тој додаде дека лицето кое ја продавало оваа дрога побегнало од земјава во САД откако во медиумите протекоа информации од обвинителството.

Во јануари боливиската полиција ја спроведе најголемата операција за борба против дрогата во земјата и заплени повеќе од осум тони кокаин, исто така на границата со Чиле.

(Vijesti.ba)