Австриската полиција заплени 137 килограми кокаин во бродски контејнер натоварен во Боливија и уапси девет лица.
Дрогата, чија улична вредност се проценува на околу 14 милиони евра, е откриена во контејнер со штици од тиково, адресиран на адреса во Братислава.
Ова е досега најголема заплена на дрога за криминалистичката полиција на Долна Австрија и трета по големина за федералната полиција, пишува австрискиот весник „Хојте“.
При снимањето на товарот со рендген биле откриени неправилности. Сомнителните дрвени штици биле прегледани поединечно и биле откриени по шест вдлабнатини кои содржеле кокаин со висока чистота.
Даските со кокаин се одземени, а контејнерот со остатокот од товарот е пренесен во Братислава.
Словачките и австриските истражни единици забележале четворица Срби на возраст од 23, 41 и 45 години како го растоварале контејнерот за време на неколкудневниот надзор. Осомничените се уапсени во Виена.
(Vijesti.ba)








