Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев смета дека Баку сега е поблиску до мир со Ереван од кога било.

– Сега сме поблиску до мир со Ерменија од кога било досега – рече претседателот на отворањето на 11. Глобален форум во Баку на тема „Обнова на фрагментиран свет“.

Алиев нагласи дека Азербејџан е подготвен да ги продолжи мировните преговори со Ерменија, бидејќи, според него, дојде време да се стави крај на нестабилноста во регионот.

Глобалниот форум во Баку организиран од Меѓународниот центар Низами Ганџави се одржува од 2013 година. Еден од иницијаторите за создавање на ваква меѓународна платформа за дискусија беше Мадридскиот клуб, кој собира повеќе од 80 поранешни претседатели и премиери од 56 земји. Првиот форум беше посветен на статусот на Јужен Кавказ, но подоцна, со оглед на обемот на прашањата што беа дискутирани на него, кои не беа само од регионален карактер, беше одлучено тој да се нарече глобален.

На единаесеттиот форум присуствуваат повеќе од 400 претставници од 68 земји, пренесува ТАСС.

(Vijesti.ba / ФЕНА)