Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека на агресијата врз Газа и се ближи крајот.

Нетанјаху во понеделникот ги отфрли изјавите на американскиот претседател Џо Бајден, кој во саботата го изрази своето противење на израелската офанзива на Рафах на крајниот југ од Газа и оцени дека пристапот на Израел кон конфликтот повеќе и штети на земјата отколку што помага, пренесува Политико.

Како што рече Нетанјаху, тој самиот не знае што точно мислел американскиот претседател, но ако мисли дека води приватна политика против желбите на мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел, тогаш се лаже.

„Позициите што ги бранам се поддржани од огромното мнозинство Израелци кои по 7 октомври рекоа: „Не сакаме палестинска држава“, нагласи тој, отфрлајќи ја можноста за решение со две држави.

Според израелскиот премиер, ИД досега уништила три четвртини од борбените баталјони на палестинското движење Хамас, односно близу 13.000 борци. Таа бројка, тврди тој, е вклучена во повеќе од 30.000 палестински жртви, иако Вашингтон објави дека Израел убил „повеќе од 25.000 жени и деца“.

Во исто време Нетанјаху најави дека борбите се при крај и нема да траат повеќе од два месеци.

„Можеби шест недели, можеби четири“, процени тој.

Тој, исто така, ја отфрли можноста за прекин на борбите за светиот муслимански месец Рамазан, кој започна во неделата. Како што рече, тој самиот „би сакал уште едно ослободување на заложниците“, но, за жал, не гледа напредок во преговорите.

„Без ослободување на заложниците, нема да има прекин на непријателствата“, тврди тој и повтори дека ќе има копнена офанзива на Рафах.

Во саботата, Бајден за американската ТВ станица MSNBC, меѓу другото, изјави дека Нетанјаху треба да посвети повеќе внимание на невините животи додека води војна против Хамас. Тој ја нарече неприфатлива смртта на повеќе од 30.000 Палестинци од почетокот на израелската офанзива врз Газа.

(Vijesti.ba)