На „чекање“ се договори за работа преку лето надвор од Северна Македонија, како и пролетните тренинзи, екскурзии, натпревари…Граѓаните кои немаат извадено нов пасош можат само да чекаат да се забрза постапката или да тужат ако претрпеле штета. Според ВМРО-ДПМНЕ, „заглавени“ се 600.000 граѓани.

Секоја година ги носевме во кампови надвор од границите децата што тренираат кошарка, сега резервиравме во Охрид, вели Срѓан Дамјановски, тренер во кошаркарскиот клуб „МВП-Скопје“, раскажувајќи ги проблемите во работата поради тоа што бавно и тешко се стигнува до пасош со „Северна“, според новото име на Република Северна Македонија и Преспанскиот договор со Грција.

Тој тренира деца на возраст од 7 до 14 години.

„Најмногу проблеми имаме за камповите и турнирите. Камповите во јуни во Грција беа супер за децата. Сега во април и во мај требаше да одиме и на турнири во Србија. Секаде однапред се бара авансно плаќање, имиња на децата што ќе играат, резервации..во овој момент, јас не можам да бидам сигурен кој ќе има нов пасош. Од сто деца, ако можам 20 да однесам преку граница“, вели Дамјановски за Радио Слободна Европа(РСЕ).

Повеќе на РСЕ