Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека властите во земјата нема да дозволат никој да го оживее мрачниот менталитет на главниот лик на процесот на пуч познат како „28 февруари“.
Процесот попознат како „28 февруари“ во турската политичка историја е запишан како „постмодерен воен удар“, а се случи на денешен ден пред 27 години.
– Нашиот народ никогаш не ги заборавил и нема да ги заборави пучистите и оние кои ги поддржаа, кои на 28 февруари имаа за цел единство, солидарност, демократија и волја на народот. Нема да дозволиме никој да го оживее мрачниот менталитет од 28 февруари кај нас – порача Ердоган во пораката на социјалните мрежи.
Процесот „28 февруари“ започна откако Советот за национална безбедност на Турција на 28 февруари 1997 година донесе низа одлуки кои често се нарекуваат постмодерен воен удар против владата на тогашниот премиер на Турција Неџметин Ербакан и тогашниот шеф на турската дипломатија Танса Чилер.
Меморандумот на военото раководство на Турција усвоен во 1997 година резултираше со мешање на војската во извршната власт и колапс на тогашната влада.
Пред да поднесе оставка, Ербакан беше принуден да потпише сет реформи кои вклучија, меѓу другото, забрана за забулените жени да влезат во јавните институции и затворање на верските училишта.










