Министерката за населби и национални мисии на Израел, Орит Струк, изјави дека е против формирање на палестинска држава, тврдејќи дека окупираната палестинска територија целосно му припаѓа на Израел.
Israel's Minister of Settlements, Orit Strook:
‘there will not be a Palestinian state in the Land of Israel because there is no such thing as a Palestinian people, there is no such nation.’
Unadulterated, unfiltered ethnic cleansing.
— Howard Beckett (@BeckettUnite) February 21, 2024
Во изјавата споделена на социјалните мрежи, Струк рече дека не постои палестинска нација.
– Нема да има палестинска држава на земјата на Израел бидејќи нема палестински народ, нема таква нација – рече израелскиот министер.
Таа нагласи дека силно и одлучно се противи на признавањето на државата Палестина.
– Многу Израелци ја отфрлаат идејата за формирање палестинска држава не само затоа што нема историска основа за тоа, туку и затоа што претставува егзистенцијална закана за државата Израел – рече таа.
Струк е еден од претставниците на еврејските населби во Хеброн.
Иако израелските власти тврдат дека окупираната палестинска територија им припаѓа ним, огромното мнозинство на меѓународната заедница, особено Обединетите нации, сметаат дека Израел е нелегален окупатор на палестинската територија.









