Израелскиот парламент денеска гласаше за поддршка на декларативната одлука на премиерот Бенјамин Нетанјаху со која се спротивставува на едностраното формирање на палестинска држава, …
… по сè почестите меѓународни апели за заживување на напорите за постигнување решение со две држави на деценискиот конфликт.
Партијата Ликуд на Нетанјаху соопшти дека 99 од 120 пратеници гласале за поддршка на одлуката, која беше усвоена од владата претходно оваа недела.
Ставот на Израел е и дека секој траен договор со Палестинците мора да се постигне преку директни преговори меѓу страните, а не преку меѓународни диктати, пренесува Хина.
Војната во Газа, која беснее од 7 октомври 2023 година, е најновата во серијата конфликти меѓу Израелците и Палестинците што трае седумдесет години и продолжува да го дестабилизира Блискиот Исток.
Напорите за постигнување решение за две држави се во мирување од 2014 година.
Американскиот претседател Џо Бајден се обидува да постигне поширок договор на Блискиот Исток, кој би вклучувал нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија и другите арапски држави, како и формирање на палестинска држава.
(Vijesti.ba)









