Претседателот Трамп казнет e со 350 милиони долари за финансиска измама, надувувајќи ја вредноста на неговиот имот за да добие деловни придобивки.
Артур Енгорон, судија во судот во Њујорк, исто така одлучи дека Трамп не смее да ја извршува функцијата директор на компанија во таа сојузна држава три години.
Неговите синови Доналд Трамп Џуниор. и Ерик Трамп се казнети со по четири милиони долари, а им е изречена забрана за да бидат на чело на компанијата во Њујорк во период од две години.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп претходно изјави дека ова судење е политички лов на вештерки.
Тужбата против Трамп и неговото семејство ја поднесе обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, пред две години.
Таа ги обвини за фалсификување на нето вредноста на клучните финансиски извештаи за да обезбедат даночни и осигурителни бенефиции за бизнисот во Њујорк. Тужителот барал парична казна од 370 милиони долари.
Адвокатите на Трамп ќе ја обжалат одлуката на судијата Енгорн, но тој и неговото семејство се уште треба да ги соберат парите или да платат кауција во рок од 30 дена.











