Апелацискиот суд во Париз го осуди Саркози на една година затвор

by Administrator

Апелациониот суд во Париз денес го прогласи поранешниот француски претседател Никола Саркози за виновен за нелегално финансирање на кампањата за неговата неуспешна кандидатура за реизбор во 2012 година.

Тој е осуден на една година затвор, од која половина е условна, која може да се издржува на алтернативни начини како носење електронска нараквица.

Саркози првпат беше осуден на една година затвор во 2021 година, кога прво беше прогласен за виновен, но потоа поранешниот лидер поднесе жалба, пренесува Ројтерс.

(Vijesti.ba / ФЕНА)

You may also like