Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската армија (ИДФ) да се подготви за евакуација на повеќе од милион цивили од Рафах, последниот дел од палестинската енклава каде што израелската армија не стапнала.

Огромното мнозинство жители на Појасот Газа побегнаа во тој град на самата граница со Египет.

Израел, исто така, планира копнена офанзива против тој град и покрај противењето на меѓународната заедница и хуманитарните организации, вклучително и Соединетите Американски Држави како негов најголем сојузник.

Вашингтон еден ден претходно објави дека не поддржува ниту една израелска воена операција во Рафах без да се земе предвид безбедноста на цивилите.

– Секоја голема воена операција во Рафа во овој момент, под овие околности, со повеќе од милион, веројатно милион и пол Палестинци кои побарале засолниште во Рафах, без да ја земат предвид нивната безбедност, би била катастрофа, а ние не ја поддржуваме. рече тој.Претпаролот на Белата куќа Џон Кирби ден претходно.

Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи одговорот на Израел на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври минатата година како претеран, јавуваат светските агенции.