Два авиони на компанијата JetBlue се судрија рано денеска на пистата на аеродромот Логан во Бостон.
Како што пренесува „Дејли мејл“, авионите се судриле на пистата додека во двата авиони имало патници. Крилата на едниот авион се значително оштетени.
Инцидентот се случил откако авионите се оддалечиле од влезовите на патници.
Авионите се судриле кога едниот бил на пат кон Лас Вегас, додека другиот на пат кон Орландо, објави Нова.
Boston airport faced carnage this morning as two Jet Blue planes collided https://t.co/DjslfsEB37 pic.twitter.com/BTqhEyBZYk
— MirrorUSNews (@MirrorUSNews) February 8, 2024
„Левото крило на JetBlue Flight 777 удрило во десниот стабилизатор на JetBlue Flight 551 утринава околу 6:40 часот по локално време додека бил на рампа за одмрзнување на меѓународниот аеродром во Бостон Логан“, соопшти американската Федерална управа за авијација.
(Vijesti.ba)










