Градскиот совет на Чикаго по тесно гласање донесе резолуција со која се бара траен прекин на огнот во израелско-палестинската војна. Гласот на градоначалникот Брендон Џонсон беше одлучувачки.
Симболичната декларација во третиот по големина град во Америка следеше по неколкунеделни жестоки јавни состаноци и бројни демонстрации. Резолуцијата, која доби 24 гласа „за“, 23 „против“, вклучува повик за хуманитарна помош и ослободување на сите заложници.
Во изминатите неколку месеци, слични резолуции беа усвоени од советниците во Атланта, Детроит и Сан Франциско.
„Дали верувам дека зборовите што ги кажуваме денес, како гласаме денес директно влијаат на меѓународната политика? Јас не. Немам такви илузии“, изјави советникот Даниел Ла Спата, еден од спонзорите на резолуцијата. „Но, ние гласаме со надеж. Гласаме солидарно. Гласаме за да им помогнеме на луѓето да се чувствуваат слушнати во светот на тишината“.
Декретот остана главно непроменет во изминатите неколку месеци и покрај повиците на единствената еврејска членка на Советот, Дебра Силверстајн, која повика на поголема поддршка за Израел и критики на Хамас.
„Сите сакаме крај на крвопролевањето и крај на војната. Но, од витално значење е да се разбере што го предизвика конфликтот и треба да донесеме резолуција која одговорно ќе се занимава со ова прашање“, рече таа за време на состанокот. „Не треба да донесеме резолуција доколку не е јасно дека Хамас не може и не треба повторно да нападне.
Оправдувајќи ги своите воени дејствија со нападот на Хамас на 7 октомври, израелската армија за речиси четири месеци уби близу 30.000 палестински цивили, а 2 милиони жители на Газа беа раселени од своите домови.









