Денес, Европската унија објави дека очекува Израел „целосно, итно и ефективно“ да ја спроведе пресудата на Меѓународниот суд на правдата, јавува Анадолија.

– Ја забележуваме денешната наредба на Меѓународниот суд на правдата за барањето на Јужна Африка за воведување привремени мерки – се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и Европската комисија.

– Наредбите на Меѓународниот суд на правдата се обврзувачки за страните и мора да се почитуваат. Европската унија очекува нивно целосно, итно и ефективно спроведување – се наведува во соопштението.

Заедничката изјава дојде откако МСП му нареди на Израел „да ги преземе сите мерки во негова моќ“ за да спречи понатамошно крвопролевање во Газа во согласност со неговите обврски од Конвенцијата за геноцид, но не нареди прекин на огнот.