Палестинците клањаа џумма на улиците на град Газа, бидејќи повеќето џамии во градот беа уништени во израелските напади кои траат од 7 октомври.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври беа уништени околу 1.000 џамии.

– Реконструкцијата на овие џамии ќе чини околу 500 милиони долари – беше наведено претходно од Министерството за донации и верски прашања на Газа.

Се проценува дека во Појасот Газа има околу 1.200 џамии. Според Министерството, повеќе од 100 верски службеници биле убиени во смртоносната израелска офанзива врз палестинската енклава.

Израел започна офанзива на Појасот Газа по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 26.000, а беа ранети 64.487 Палестинци.

Според Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.