Израелските напади врз Појасот Газа траат со месеци без престан. Покрај нападите, жителите на Газа се соочуваат и со глад поради израелските блокади во опколената палестинска енклава.

Илјадници Палестинци се соочуваат со опасност од глад и жед во Појасот Газа, кој е изложен на брутални израелски напади.

Сè потешко е да се најде храна во Рефах, каде што се засолниле десетици илјади Палестинци кои избегале од израелските напади.

Жителите на Газа кои се засолниле во градот преживуваат благодарение на оброците подготвени од волонтери.

Бројни деца секојдневно стојат во редици, држејќи тенџериња и кофи, за да добијат оброк што им значи живот.

Агенцијата за храна на Обединетите нации во четвртокот повика на итен пристап за да се спречи гладувањето во Појасот Газа, велејќи дека повеќето области со најголема потреба остануваат редовно недостапни.

– За да го избегнеме гладот, потребен ни е безбеден и редовен пристап до сите области на Појасот Газа каде што луѓето се гладни – објави Светската програма за храна (WFP) на социјалната мрежа Х.

Израел започна офанзива на Појасот Газа по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 25.700, а беа ранети 63.740 Палестинци. Во нападот на Хамас беа убиени околу 1.200 Израелци.

Според податоците на ОН, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена. !