Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што рано утринава се случи на автопатот А2 кај наплатната станица Запрешиќ.

Автомобилот удрил во наплатните пунктови, а возачот починал на лице место, јавуваат хрватските медиуми.

Како што пренесува Zagorje.com, автомобилот возел од правец на Загреб кон Загорје, кога удрил во наплатната станица, односно барикадата меѓу наплатните пунктови.

Полицијата за несреќата соопшти утринава.