Израел денес ги отфрли како лажни и „грубо искривени“ наводите на Јужна Африка пред највисокиот суд на ОН дека неговата воена операција во Газа е државна кампања на геноцид врз палестинското население.

Тој ги повика судиите да го отфрлат барањето на Јужна Африка за запирање на офанзивата, велејќи дека тоа ќе ја остави земјата без одбрана.

Јужна Африка, која поднесе жалба до Меѓународниот суд на правдата (МСП) во декември, побара од судиите во Хаг во четвртокот да воведат итни мерки за да му наредат на Израел веднаш да ја прекине офанзивата.

Во апелот се вели дека израелската воздушна и копнена офанзива – која опустоши голем дел од енклавата и однесе повеќе од 23.000 животи, според здравствените служби на Газа – имала намера да доведе до „уништување на населението“ во Газа.