Обединетите Арапски Емирати ги укинаа визите за граѓаните на Косово, па Косовците ќе можат слободно да влегуваат во земјата, најави денес косовската претседателка Вјоса Османи.
Договорот за укинување на визите меѓу Косово и Обединетите Емирати беше постигнат на минатомесечната средба меѓу косовскиот претседател Османи и претседателот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и веќе е потпишан.

„Му благодарам на претседателот на Обединетите Арапски Емирати што го прифати мојот предлог за укинување на визите за граѓаните на Косово. Договорот беше постигнат за време на нашата средба минатиот месец и веќе е потпишан, отворајќи го патот за повеќе можности за соработка меѓу нашите земји и граѓани“, напиша Османи на платформата Х.

Пред седум дена земјите од Шенген-европската зона, во кои документите не се проверуваат на границите, го укинаа визниот режим за 1,8 милиони жители на Косово. Ова во понеделникот го направи и Шпанија, единствената земја од Шенген зоната која ги задржа визите за граѓаните на Косово по 1 јануари.

На Косовците им е дозволено да престојуваат во овие земји 90 дена без виза, во период од 180 дена.

Косово беше последната земја на Западен Балкан на чии жители им беа потребни визи за да влезат во „Шенген“, област именувана по местото во Луксембург каде што беше потпишан договор за прекугранично слободно движење во 1985 година.

(Vijesti.ba / ФЕНА)