Во Косово за антибиотици не треба рецепт, доволни се само пари

by Administrator

Пациентите често доаѓаат со барање да им се дадат антибиотици кои ги користеле членовите на нивното семејство или соседите и дека често се случува да не го знаат ни името на тие лекови, туку само да кажат „дај ми ги тие капсули што се црвено-црни“, вели доктор Валдет Хашани од Приштина.

За да купите два вида антибиотици во аптеките во Приштина, Косово, потребни ви се околу седум евра и 60 центи. Освен пари, продавачите не бараат ништо друго, дури ни лекарски рецепт.

„Да, издаваме антибиотици и без рецепт… Зошто, нешто не е во ред?!“, изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ), вработена во аптека во приштинската населба Дарданија.

Таа по професија е фармацевтски техничар, а не фармацевт, но сепак дава упатства како да се користи антибиотикот Амоксицилин.

Повеќе на РСЕ

You may also like