Светската здравствена организација (СЗО) објави дека речиси две недели не може да стигне до северот на Појасот Газа за да достави медицински материјали.

– Планираната мисија во болницата Ал Авда и уште четири други во северна Газа беше откажана по четврти пат бидејќи не можеше да се гарантира безбедноста. Поминаа 12 дена откако последен пат успеавме да стигнеме до северниот дел на Газа – објави СЗО на мрежата Х, порано позната како Твитер, во неделата навечер.

СЗО соопшти дека силното бомбардирање, ограниченото движење и прекинатите комуникации го направиле „речиси невозможно“ испораката на медицински материјали до изолираниот крајбрежен појас, особено на северот.

– Повеќето болници се сериозно недоволно вработени бидејќи здравствените работници си заминаа поради наредба за евакуација или поради несигурност. Во меѓувреме, пристапот на пациентите до здравствените установи е отежнат од опасните услови – според СЗО.

„Понатамошните одложувања ќе доведат до повеќе смрт и страдање за премногу луѓе“, се вели во извештајот.