Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип, упати порака со сочувство до Иран во врска со смртоносните експлозии во близина на гробот на убиениот генерал Касем Сулејмани.
„Длабоко сме тажни поради грозоморните терористички напади во иранската провинција Керман. Изразувам сочувство до пријателскиот и братски ирански народ“, рече Ердоган во пораката на социјалните мрежи.

Турскиот претседател упати пораки со сочувство до ужалените и на ранетите им посака брзо закрепнување.

Најмалку 103 лица загинаа кога повеќекратни експлозии ја потресоа областа каде што се одржуваше митинг во спомен на иранскиот генерал Сулејмани, кој беше убиен од американските сили во Багдад пред четири години.

Информацијата за бројот на загинати ја потврди и шефот на Службата за вонредни состојби во Керман, Сајед Мохамад Сабери.

Експлозиите се случија на рутата што води до гробиштата во градот Керман во југоисточен Иран, каде што се наоѓа гробот на генералот Сулејмани, поранешен командант на елитните сили Кудс на Корпусот на гардата на Исламската револуција.

(Vijesti.ba)