Во две експлозии предизвикани од „терористички напади“ во Иран, загинаа повеќе од 100 луѓе, а десетици беа ранети.

Тоа се случи на комеморацијата на годишнината од смртта на генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американски дрон во 2020 година.

Иранската државна телевизија ја објави првата, а потоа и втората експлозија.

„Експлозиите беа предизвикани од терористички напади“, цитираа државните медиуми локален функционер во провинцијата Керман. Бабак Ектапараст, портпарол на иранската служба за итни случаи, подоцна објави дека 103 лица биле убиени, а 170 се ранети.

Огромна експлозија се случи во близина на џамијата Сахеб ал Заман, каде што се наоѓа гробот на Сулејмани во Керман“, објави државната телевизија, додавајќи дека неколку минути подоцна се случила втора експлозија, пренесува агенцијата Франс прес.

Државната телевизија прикажа како спасувачите на Црвената полумесечина им помагаат на ранетите на церемонијата, каде што стотици Иранци се собраа да ја одбележат годишнината од смртта на Сулејмани. Некои ирански новински агенции јавуваат дека бројот на ранетите е многу поголем.

– Нашите тимови за брз одговор ги евакуираат повредените, но бранови толпи ги блокираат патиштата – изјави за државната телевизија Реза Фалах, шеф на Црвената полумесечина во провинцијата Керман, пренесува Ројтерс.

(Vijesti.ba)