Зошто нашите гласови не вредат за нашите патишта…???

0
350

Пред неколку дена во медиумите како и останатите средства за информирање од страна на Струшкиот совет, беше презентиран проектот за реконструкција и изградба на патишта за 2013 година, демек како приоритетни.

Би сакале да ги запрашаме прво сите советници на Општина Струга, па и на крај г-динот Зијадин Села, дали барем некој од нива во изминативе неколку години или месеци, поминале низ патиштата на Лабуништа, Подгорци, ако не поминале тогаш повелете.. посетете не и ставете ги и нашиве патишта во приоритетите за 2013 година, или пак ќе се ценкаме за наредниве парламентарни избори, па кој кого ќе излаже ќе излаже и понатаму..

Зошто секогаш се забораваат овие села, кои токму  ја решаваат судбината за избор на градоначалник на Општина Струга, зарем овие села како приоритет за 2013 како реконструкција заслужија да добијата само (попрашување) чистење на патиштата, па демек еве се нафативме на работа. Дојдете погледнете.

Зарем во Вашиот приоритет влегуваат села кои во текот на неделата се посетувани или минуваат само 1-10 автомобили…???

Навистина, се нема зборови.. ама добро е барем малку да се освестиме што ни се случува.

Ама ние сме добри, така да на следниве било какви избори на сите членови на советот и на градоначалникот ќе им доделиме печатени флаери со упатство, како да ги избегнат дупките до нашите населби.. затоа штом удрете во една, па друга, или трета , тогаш се пропаѓа и ниако да стигнете до целта .., а таа цел овој народ знае каде да ја постави и како.

Зарем гласовите на овие села не се вредни сега..???.. туку на оние во Биџево,Џепин, Таш Маруништа. Безево… и останатите….

Зошто нашите гласови не се вредни за да и нашите патишта влезат во вашиот приоритет за 2013 година.., ако не бил доставен било каков проект од страна на овие села.. барем за време на изборите ги посетивте и вие знаете како изгледа сето тоа, еве барем сега барем малку израдувајте ги и овие луѓе, па макар и со лажни ветувања.. како и секогаш.

Ама времето си врвит…си врвит…и кога ќе дојде за награда, народот ќе ја додели заслужената..?

Размислување на Група граѓани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here