Најмалку 14 возови биле суспендирани поради затворање на линијата во близина на Лондон.
– Поради инфраструктурен проблем на линијата на супер брзите возови во близина на Лондон, принудени сме да откажеме некои линии кои поаѓаат од Лондон, а чија дестинација е Лондон, напишал Еуростар на својата веб-страница.

Овие откажувања, за време на еден од најпрометните викенди во годината, ќе заглават илјадници патници.

Според британската новинска агенција PA, возовите биле суспендирани поради поплавен тунел на југот на Англија. Линиите се во прекин до крајот на денот бидејќи се очекуваат обилни врнежи. Поради големиот број луѓе кои заминуваат на одмор, патниците на Еуростар на 21 декември се соочија со голем број откажани услуги поради штрајкот што го парализираше тунелот под Ла Манш.
Делови од северна и централна Европа продолжуваат да се борат со поплавите по силниот дожд. Нивото на водата на Дунав во областа Будимпешта беше највисоко во последните десет години – изнесуваше 6,93 метри. Овој град беше поплавен на повеќе локации и отстранети се возилата кои се наоѓале на долните насипи. Големото количество снег што наеднаш се стопи придонесе за поплавување.
Small flood in Budapest, the Danube overflowed ???? pic.twitter.com/HUYAxxn9AW
— Atika (@atisvaok) December 30, 2023
Поплавени се и делови од Холандија и Германија.
(Vijesti.ba)









