Израелски војник од Падобранската бригада отворил оган врз своите колеги откако се разбудил од кошмар, објави израелскиот Канал 12.
Неколку војници се ранети во инцидентот, кој се случи по распоредувањето во Појасот Газа.

Канал 12 пренесе дека војникот престојувал во воено одморалиште во Ашкелон кога тоа се случило. Иако бил упатен во Министерството за одбрана, одлучено е да не се води истрага против него поради неговата „здравствена состојба“.

Бројот на убиени израелски војници се искачи на 498 од почетокот на конфликтот на 7 октомври, вклучувајќи 170 убиени „по грешка“ од израелската армија.

Од средата, бројот на загинати во геноцидната војна на Израел против Палестинците во Газа достигна 21.110, од ​​кои повеќето жени и деца.

Според палестинското Министерство за здравство во Газа, повеќе од 55.000 се ранети.

(Vijesti.ba)