Натпреварот меѓу Фенербахче и Галатасарај кои се борат за трофејот во турскиот Суперкуп е одложен, а натпреварот треба да се игра во Саудиска Арабија.
Преговорите се во тек, но се уште не е сосема сигурно дали натпреварот ќе биде официјално откажан – министерот за спорт на Турција Аскин Бак разговара со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Турција, Мехмет Бујукекси и со претседателите на Фенербахче и Галатасарај, Али Коча и Дурсун Озбек.
Причината е што домаќините на натпреварот во Ријад не им дозволија на играчите да излезат на теренот облечени во дресови со ликот на Кемал Ататурк.
Галатасарај и Фенербахче изјавија дека нема да го играат натпреварот доколку не им дозволат да се загреваат во дресовите на Мустафа Кемал Ататурк.
Постои голема веројатност мечот да биде откажан.
(Vijesti.ba)










