Палестинката Иман ал-Мисри, која се засолнилаво училиште во Деир ал Белах во централниот дел на Појасот Газа, каде Израел продолжува со интензивните напади, родила четворки.

Според веста на официјалната палестинска агенција ВАФА, Ал-Мисри, која со сопругот, мајката и децата побегнала од регионот Беит Ханун на северот на Појасот Газа и се засолнила во училиштето Рафида во Деир Белах, родила четворки.

Оваа Палестинка со своето семејство се обидува да преживее во тешките услови во засолништето.

Ал-Мисри изјави дека била четири дена во болница бидејќи имала контракции во осмиот месец од бременоста.

Бебињата се родени со царски рез. По породувањето и било кажано дека и треба удобен кревет и прибор за закрепнување. Меѓутоа, во прифатилиштето нема ништо од ова, дури ни доволно млеко за бебињата.