Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека е време Соединетите Американски Држави да престанат да се прават глуви на повиците за прекин на огнот во Појасот Газа.
– Време е САД да престанат да се прават глуви на овие повици. Израел не ги таргетира само Палестинците и Газа, туку целото човештво – рече Ердоган одговарајќи на прашања на новинарите во претседателскиот авион на враќање од Будимпешта, каде вчера се сретна со бројни унгарски претставници.
Тој потсети дека за време на разговорот со американскиот претседател Џо Бајден рекол дека САД имаат историска одговорност.
– Што друго треба да направи светот за да ги убеди дека Израел мора да се запре – праша Ердоган.
Зборувајќи понатаму за ситуацијата во Палестина, Ердоган се осврна на односите меѓу Хамас и Фатах и рече:
Не е точно дека Хамас и Фатах не се во контакт. Тие се во контакт и можат дополнително да ги подобрат состаноците.
На прашањето за односите меѓу Турција и Европската унија, Ердоган рече дека ЕУ прави грешка во контекст на Турција.
-Погрешно е Турција да чека на врата со години поради политички пречки. ЕУ мора да престане да ја прави таа грешка – нагласи Ердоган.
Турскиот претседател најави претстојниот разговор со рускиот лидер Владимир Путин за ревитализација на Црноморската иницијатива за транспорт на жито. Конечно, осврнувајќи се на членството на Шведска во НАТО, Ердоган рече:
– Во Вилнус дадоа гаранции, очекуваме да ги исполнат.









