Непосредниот приоритет на Европската комисија (ЕК) е да достави што е можно повеќе хуманитарна помош во Појасот Газа, изјави денес претседателката Урсула фон дер Лајен.
Говорејќи на прес-конференција на самитот на Европскиот совет во Брисел, Урсула фон дер Лајен рече дека Европа организирала 28 хуманитарни летови, испорачувајќи околу 1.200 тони помош.
Таа додаде дека Европа планира „уште пет летови до крајот на годината“.
Фон дер Лајен се фокусираше и на потребата да се фокусираат на последиците од конфликтот.
Не може да има мир доколку не постои перспектива за политичко решение и за Израелците и за Палестинците, но ова е решение со две држави – нагласи првиот човек на Европската комисија.
Сепак, таа подвлече дека „Газа не може да биде безбедно засолниште за Хамас“.
– Хамас не може да биде во владеачката структура на палестинската држава – изјави Фон дер Лајен.
Таа предложи „реформирана палестинска управа“ која мора да управува и со Западниот Брег и со Појасот Газа.
Израел го бомбардираше Појасот Газа од воздух и од земја, наметнувајќи опсада и започна копнена офанзива по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври.
Најмалку 18.787 Палестинци оттогаш се убиени, а речиси 51.000 се ранети во израелскиот напад.










