Израелската армија го урна училиштето Халеп, кое се наоѓало во близина на индонезиската болница на северот од Појасот Газа.

На видеото може да се види како училиштето се разнесува со експлозив, но потоа се слушаат извици на радост и аплаузи на израелските војници.

На видеото се гледа и огромен облак од чад кој се создал по уништувањето на училиштето.

Израел ја продолжи својата воена офанзива во Појасот Газа на 1 декември, по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза постигната со палестинската група Хамас.

Според здравствените власти во Газа, 18.205 Палестинци се убиени, а повеќе од 49.645 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничен напад на Хамас, јавува Anadolu.

Бројот на Израелци убиени во нападите на Хамас е 1.200, според официјалните податоци.

(Vijesti.ba)