Еден од најбогатите луѓе во Европа, Мелкер Шорлинг, почина вчера во Шведска.

На неодамна објавената листа на најбогати луѓе во светот, Шорлинг со богатство проценето на 10 милијарди евра се најде на второто место, веднаш зад Стефан Першон, поранешниот сопственик на глобалниот синџир бутици H&M.

Шорлинг пораснал на село, неговиот татко поседувал фарма во близина на Оребра. Поради тешкото и напорно воспитување уште како млад решил да стане свој, самостоен и финансиски стабилен. Во своите 76 години живот успеал во се.

Дипломирал на Факултетот за бизнис, економија и правен факултет на Универзитетот во Гетеборг.

Овој милијардер стоеше зад успешните компании како Hexagon, Hekpol и Securitas, на чие чело стана во 1987 година, во време кога оваа компанија специјализирана за безбедност го минуваше својот најлош период.

Десет години подоцна, компанијата беше на врвот на светот во оваа индустрија.

Шорлинг се пензионираше како извршен директор во 2017 година поради здравствени проблеми, но го наследија неговите ќерки Софија и Марта, кои набрзо ја презедоа компанијата заедно со милијардерот Стефан Першон.

Починал во Никопинг, Шведска на 76-годишна возраст.

(Vijesti.ba)