Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел во петокот го спореди страшното уништување предизвикано од израелските напади во Појасот Газа со уништувањето на германските градови за време на Втората светска војна.

Во интервју за шпанската државна телевизија „РТВЕ“, Борел рече дека бомбардирањето во палестинската енклава веќе е „една од најинтензивните во историјата“.

Тој остро го осуди степенот на уништување на градовите во Појасот Газа што е „споредлив, ако не и поголем, со нивоата на уништување на германските градови за време на Втората светска војна“.

Борел, исто така, рече дека се надева оти Европа ќе преземе акција за „запирање на насилството врз Палестинците на окупираните територии“, мислејќи на Западниот Брег и Источен Ерусалим, каде што најмалку 271 лице се убиени во нападите на израелските војници и доселеници од 7 октомври .

Тој предупреди дека последното зголемување на насилството во тие области и овозможи на израелската окупација да се прошири „четири пати повеќе отколку пред 30 години кога беа потпишани договорите од Осло“.