СЗО: На секои десет минути се убива по едно дете во Газа

by Administrator

Ричард Пиперкорн, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за окупираните палестински територии, изјави дека на секои десет минути се убива дете во Појасот Газа.

– Во оваа смисла мислам дека сме блиску до најтемниот момент на човештвото. Ни треба траен прекин на огнот за Газа – рече Пиперкорн.

На неделната прес-конференција на Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, тој даде своја оценка за ситуацијата во Газа, која е под израелска блокада и интензивни напади.

Тој потсети дека од 7 октомври досега во Газа се убиени околу 16.000 луѓе.

– Повеќе од 60 отсто од убиените се жени и деца. Повеќе од 42.000 луѓе беа повредени. Во Газа во просек на секои десет минути се убива по едно дете – изјави Пиперкорн.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа во петокот, откако стави крај на еднонеделното хуманитарно примирје со Хамас.

Најмалку 15.899 Палестинци се убиени, а повеќе од 42.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври.

You may also like