Турција го предупреди Израел: Само обидете се

by Administrator

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја го предупреди Израел на сериозни последици доколку изврши каква било операција против Хамас на турска територија.
„Нашите безбедносни служби веќе се изјаснија за тоа. Таквата иницијатива е неприфатлива и скапо би го чинела Израел“, предупреди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува ТВ каналот ТРТ Хабер.

Според турскиот министер и еден од најблиските соработници на Ердоган, една од темите на состанокот на Владата била можната операција на Мосад против припадниците на Хамас на турска територија.

Турските новински куќи во понеделникот објавија дека турската национална разузнавачка организација МИТ ги предупредила израелските разузнавачи за последиците од потенцијалното гонење на претставници на Хамас на турска територија.

Предупредувањето следеше по извештаите дека Израел ќе ги таргетира членовите на Хамас кои живеат надвор од Палестина, вклучително и во Турција и Катар.

(Vijesti.ba)

You may also like