Снимката на која лекари лекуваат девојче откако беше рането во израелски напад е уште еден доказ за голгота и катастрофата предизвикана од бруталните и недискриминирачки израелски напади во Појасот Газа.
– Амиџа, да те прашам нешто, дали е ова ноќна мора или реалност? Дали навистина го доживеав овој напад? – ја праша Мерах докторката која и помагала при лекувањето.
Докторот се обидел да го смири малото девојче додека плачело на носилки со лицето и телото прекриени со прашина. Тој и рекол дека е добро и дека не треба да се плаши, фала му на Бога.
– Елхамдулилах, знам дека сум добро, но дали е ова ноќна мора или реалност? – повторно прашало девојчето.
На прашањето на еден од присутните, девојчето рекло дека се вика Мерах и дека има „33 години“.
– Имаш 33 години? Во кој клас си? – го прашала сестрата малото девојче.
Низ липање од болка и шок, девојчето тивко одговорило дека има пет и пол години.
Видео клипот беше објавен на социјалните мрежи и предизвика жестока осуда за израелските напади врз Појасот Газа, во кои најмногу жртви се децата.










