Исламски Културен Центар “ЕМАНЕТ“ Сусегана: Традиционален Кермес 2023

by Administrator

Почитувани, ви сакале да Ве известиме дека врз основа предвидените активности на нашиот џемаат, односно ИКЦ“Еманет“, од 08.12.2023 до 10.12.2023год  ќе ја реализираме една од нашите долго очекувани активности оддржување на Традиционален Кермес 2023 година.

На оваа наша свеченост, ќе присуствуваат голем број на познати лица, (хафизи, имами, теолози идр.. гости).

Ова всушност ќе претставува еден вид круна на нашите активности за оваа година, а воедно и како почеток на нови припреми за пречекување на мубарек месец Рамазан, кој ќе ни пристигне за некаде три месеци.

Она што ни прави посебно задоволство и чест, е тоа што наш овогодишен гостин ќе ни  биде градоначалникот на Општина Пласница, г-динот Алија Јаоски.

Во текот на неговиот претстој, г-динот Јаоски ќе оствари средба со имамот на ИКЦ “Еманет“, Авнија еф, Нурчески, кој ќе го запознае гостинот со активностите на нашиот центар, како минатите, така и идните планирани активности.

Покрај тоа г.динот Јаоски ќе оствари средба со нашите иселеници од овој регион на Италија, како и останатите кои ќе бидат присутни, односно дел од овој наш Традиционален Кермес.

Според предвидениот план г.динот Јаоски ќе оствари средба и со локалните власти на Сусегана, како и Генералниот конзул на Реепублика Македонија во Мештре.

Ве очекуваме да бидете дел од нашава традиција, односно збогатите со Вашето учество и дадете допринос во нашите активности коии планираме да ги продолжиме во тековнава и идната година.

ИКЦ “Еманет“ – Сусегана . Авнија еф.Нурчески

You may also like