Појасот Газа повторно е најопасното место во светот за децата, изјави во петокот извршната директорка на Меѓународниот детски фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) Кетрин Расел, јави Анадолија.
– Денеска Газа повторно е најопасното место за дете. А зимата е на прагот. „Сите страни во конфликтот мора да направат се што е можно за да ги заштитат животите и благосостојбата на сите деца, без разлика каде се наоѓаат“, рече Расел на социјалната мрежа X.
На денот кога продолжија израелските напади по седумдневната хуманитарна пауза за размена на заробеници и испорака на хуманитарна помош, таа додаде:
– Нема повеќе деца да гинат во овој конфликт.
Откако Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, според властите, во Газа се убиени 6.150 палестински деца.
Повеќе од 100 Палестинци се убиени, а многумина се повредени откако Израел во петокот ги обнови нападите врз Појасот Газа.








