Ердоган наскоро на покана на Вучиќ ќе ја посети Србија

by Administrator

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на Самитот на лидери за климатски промени наречен „COP28“.
„Во јануари 2024 година очекувам голема и важна посета на претседателот Ердоган на Србија“, напишал тој на својот Инстаграм профил.

Да потсетиме, Вучиќ присуствува на самитот COP28, каде ќе има низа билатерални средби со бројни високи функционери.

Меѓу нив се претседателите на Индија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Германија, Франција и други.

Самитот COP28 оваа година се одржува во Дубаи.

(Vijesti.ba)

You may also like