По повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, кој се слави на 29 ноември, првата дама на Република Турција Емине Ердоган на социјалните мрежи започна кампања за поддршка на палестинскиот народ.
Ердоган објави порака за солидарност со „хаштагот“ #Слободна Палестина, започнувајќи кампања за поддршка преку социјалните мрежи.
-Денеска се солидаризираме со невините луѓе во Газа, кои ги полагаат главите на земја како перница, а небото им служи како единствена покривка. Ние стоиме на борбата на Палестина за слобода – рече Ердоган и додаде:
– Никој никогаш нема да биде целосно безбеден никаде во светот се додека невините и понатаму брутално се убиваат од неправедни причини.
Бараме итен, постојан и одржлив мир за бремените жени, новороденчињата и сите цивили кои се масакрирани, наместо привремен прекин на огнот. Оние кои се противат на угнетувањето без разлика на сторителот, како и оние кои го ценат братството и милосрдието наместо да негуваат гнев и непријателство, треба да знаат дека не се сами – истакна Емине Ердоган и заклучи:
-Без разлика на ситуацијата, Турција доследно ќе ги поддржува невините и угнетените и ќе се стреми да достави хуманитарна помош во Газа. И јас сум убеден дека на крајот човештвото ќе надвладее.
Турската прва дама Емине Ердоган беше домаќин на самитот во Истанбул претходно овој месец, на кој се собраа сопружниците на државните лидери за поддршка на палестинскиот народ и повикаа на итен и безусловен прекин на огнот во Појасот Газа.
Самитот се одржа под слоганот „Едно срце за Палестина“ во палатата Долмабахче во Истанбул, а учесниците повикаа да се стави крај на страдањата на цивилите во Газа и да се најде решение за кризата.









