Најстариот син на Кристијано Роналдо, по име Кристијано Роналдо дос Сантос Јуниор, е фотографиран како носи кефије, популарна палестинска марама.
Со тој чин славниот Португалец, но и неговиот син, по којзнае кој пат ги освоија симпатиите на муслиманскиот свет.
Кефије е симбол на отпорот и е вообичаена облека што ја носат Палестинците ширум светот.
Освен 14-годишниот Роналдо Јуниор, Кристијано ја има и четиригодишната Алана Мартина, и близнаците Ева и Матео.
Ronaldo’s son wearing a Palestinian keffiyeh ???????????? pic.twitter.com/RGb8Rpk1Kg
— Halal Nation © (@HalalNation_) November 24, 2023
Најдобриот стрелец во историјата на Португалија ни најмалку не крие дека неговите деца го прават исклучително среќен и дека го сака своето големо семејство.
„Да станам татко и да имам можност да го подигнам семејството е мојата најголема привилегија. Уживам во секоја секунда. Ме научи на работи за љубовта за кои никогаш не сум знаел дека постојат. Тоа ме разнежни и ми даде нова перспектива за тоа што е навистина важно во мојот живот“, изјави во една прилика популарниот CR7.
(Vijesti.ba)









